Почитувани родители,
Според насоките од страна на Министерството за образование и наука за спроведување на активности за подобрување на безбедноста, менталното здравје и добросостојбата на учениците, како и сите останати чинители на образовниот систем (наставниците и родителите), училишниот психолог од ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци организира отворени средби наменети за родителите за актуелните прашања во однос на менталното здравје:
– ГРУПНА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА на родители во одделенска настава ( I – V одд. ) : 05.06.2023 година, понеделник;
– ГРУПНА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА на родители во предметна настава ( VI – IX одд. ) : 07.06.2023 година, среда;
– ИНДИВИДУАЛНА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИ – секој работен ден од 08:00-15:00 часот, од 05.06.2023 до 14.06.2023 година.
Родителите кои се заинтересирани за групна поддршка од страна на училишниот психолог, пожелно е да го најават своето присуство (име и презиме, одделение на ученикот и телефонски број на родителот) најдоцна ден претходно на следната e-mail адреса: anastasija_jvnvsk@yahoo.com, се со цел прецизирање на термините и времето на нивно одржување во зависност од бројот на пријавените родители.
Со почит,
Училишен психолог – Анастасија Танева