ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ УЧЕНИЦИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ
ООУ „Страшо Пинџур“ објавува повик за избор на Ученик правобранител и Заменици ученици правобранители.
Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето.
I УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата Ученик правобранител: ученици/чки од 8и 9 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик Ученик правобранител: ученици/чки од 6 и 7 одделение.
II НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо. (истите ке бидат објавени на официјалната страна на училиштето)
Заинтересираните кандидати можат да ja подигнат eлекртонски пријавата која ја има и на web- страната на училиштето. Истата, кандидатите потребно е да ја пополнат и достават до педагошко – психолошката служба.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 26.11.2020