Денес, во нашето училиште,,Страшо Пинџур,,Квадарци,во присуство на Министерката за образование и наука,Мила Царовска,градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и директорката, Илинка Бакева го одбележавме отворањето на новата спортската сала. Изградбата на салата е дел од проектот на Министерството за образование и наука и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.Ќе се согласиме дека, физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите индивидуи. Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации, какви што и се потребни на нашата држава.Овој објект, најсовремено опремен, ќе внесе нов, позитивен момент во секојдневието на децата, младите и на општината.