Денеска и официјално беше отворена спортската сала во с.Марена. Со пригодна приредба од учениците од нашето училиште и спортски активности започна со работа оваа спорстка сала. Сега учениците од нашето училиште ќе можат во соодветни услови, уште од најмали нозе да се запознаваат со сите спортови и да ги развиваат своите таленти.