Во соработка со Општина Кавадарци учениците од VII одделение, од с. Дреново и с. Возарци, реализираа уште една активност во рамки на општествено-хуманитарната работа.
Општина Кавадарци им овозможи на учениците да добијат нови дрвца, јавор и каталпа, кои ги засадија во дворовите на двете подрачни училишта. 🌳
Активноста беше реализирана со голем интерес и ангажираност, при што учениците покажаа желба и одговорност за уредување на училишната средина. Во текот на целата реализација им беше пружена помош и поддршка од страна на советникот за заштита на животната средина.
Нашето училиште упатува голема благодарност до Општина Кавадарци за донацијата и за беспрекорната соработка со учениците и со наставниците.
Одговорен наставник: Бојана Костова