Во рамки на општествено-хуманитарната работа, по иницијатива на учениците од 7. одд. од подрачните училишта во с. Возарци и с. Дреново, се оствари контакт со ЈП Комуналец при што се разговараше за потребите од канти за рециклирање. Претпоставените од ЈП Комуналец ги слушнаа барањата на учениците и истите денес ги исполнија. Во посета на учениците, се водеше и дискусија за тоа што значи рециклирањето и зошто е потребно, со цел да се подигне свеста кај младите, а тоа да придонесе за почиста и поздрава околина.
Нашето училиште изразува голема благодарност кон J.П Комуналец Кавадарци за нивната брза и успешна соработка.
Одговорен наставник: Бојана Костова