На 14 февруари го одбележуваме празникот Св. Трифун, заштитникот на виновата лоза и лозарите, како и Денот на вљубените, како симбол на љубовта. По тој повод, учениците од прво до петто одделение од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Дреново, преку рачни изработки, креативно го одбележаа овој ден. Тие разговараа за значењето на празникот Св. Трифун и за важноста на љубовта што ја носиме во себе.






