Со голема чест и гордост ви споделуваме дел од активностите кои се реализираа во ООУ “Страшо Пинџур” од Кавадарци по повод денешната свеченост за патрониот празник на нашето училиште.
Овој ден е особено значаен за нас, бидејќи го прославуваме успехот и постигнувањата на нашите ученици.
Денеска им оддаваме признание на нашите најдобри ученици, а особено на првенецот на генерацијата, Јована Гркова, кој со својот труд и посветеност ги надмина сите очекувања и стана инспирација за сите нас. Не само што постигна извонредни резултати во учењето, туку и со својата истрајност го докажа патот до успехот.Учениците со континуирано одличен успех, Раде Василевски,Димитар Мицев и Кристина Блажевска.
Патрониот празник на нашето училиште е симбол на традицијата и вредностите кои ги негуваме и продолжуваме да ги пренесуваме на новите генерации. Овој ден е потврда на нашата посветеност во изградбата на подобра иднина за сите наши ученици.
Честитки на сите наградени ученици! Ве охрабрувам да продолжите да ги следите вашите патеки на успех и да го правите нашето училиште гордо. Вашите успеси се и наши успеси!
Секогаш ќе бидам горда на вас и ќе стојам зад вас. Ви благодарам на сите!