Училишната заедница го одбележа 7-ми Април – Светскиот ден на здравјето. Следеа активности во соработка со учениците од VIII и IX одделение по изборниот предмет Вештини за живеење под менторство на наставничките Велика Ташева и Павлинка Костадинова како и учениците од VI и VII одделение под менторство на наставничките Павлинка Костадинова и Зорица Атанасова (наставници по македонски јазик) и Даниела Кочова (наставник по математика).