♻️🔋 Обука за „Нула отпад“ во 2 одделение 🔋♻️
Денес тимот на Нула Отпад, во соработка со Општина Кавадарци, одржа едукативна работилница со учениците од второ одделение во нашето училиште, за тоа како правилно да ги селектираат и рециклираат батериите и зошто е важно да се грижиме за животната средина.
На интерактивен и забавен начин се разговараше за тоа што претставува електронскиот отпад, зошто е важно правилно да се селектира и како секој од нас, дури и најмладите, може да придонесат за почиста и поздрава животна средина.
Учениците активно учествуваа, поставуваа интересни прашања и покажаа дека грижата за природата започнува од најрана возраст.
🌱Да создадеме навики за нула отпад од мали нозе!🌱