На денешен ден пред 82 години во 1939 година во Самобор, близу Загреб, Хрватска е објавена стихозбирката „Бели мугри“ од македонскиот поет, писател и револуционер Кочо Рацин.
Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.