Во ПОУ “Страшо Пинџур”- с.Возарци на 25.12.2025 година, се одржа приредба по повод доаѓањето на Нова година.
Преку песни, драматизација, рецитали и кратки сценски изведби, учениците ни ја пренесоа празничната магија и ни посакаа среќна и успешна нова година, година исполнета со многу здравје и желби за мир во светот.
По завршувањето на приредбата се одржа и новогодишен базар со ракотворби изработени од учениците и нивните родители.
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!