Во топла и свечена атмосфера, во нашето училиште во ООУ Страшо Пинџур- ПП Марена беше одржана новогодишна приредба по повод претстојните новогодишни празници. Учениците со голем ентузијазам и радост се претставија со песни, рецитации, драматизации и кореографии, внесувајќи празничен дух и насмевки кај сите присутни.
Приредбата беше резултат на заедничката посветена работа на учениците и наставниците, кои со многу труд и љубов придонесоа за успешна реализација на настанот. Благодарност до сите учесници и посетители кои ја збогатија оваа убава новогодишна приказна