По повод Недела на детето во ПОУ ,,Страшо Пинџур” с. Возарци се реализираа низа активности.
Преку игра, забава, творење и заеднички активности, децата ја покажаа својата креативност, љубопитност и меѓусебна соработка. Уште еднаш се потсетивме дека секое дете е посебно, дека секое дете заслужува да биде исполнето со љубов, внимание, почит и среќни моменти.
Да го негуваме детството, да ги почитуваме детските права и секој ден да им подаруваме причина за насмевка!


















