Денес во училишниот двор на ПОУ ,,Страшо Пинџур” – с. Дреново, во склоп на Недела на детето, се одржаа спортски игри од различен вид. Настанот се одвиваше во прекрасна атмосфера, со натпреварувачки дух, тимска работа и забава, а лицата на учениците беа исполнети со насмевки.









