Членовите на Ученичкиот парламент, како и останатите ученици од 6. до 9. одделение од ПОУ ,,Страшо Пинџур” – с. Дреново, учествуваа во активностите по повод Недела на детето. Тие посветија внимание на правата и обврските на децата, а земаа учество и во спортските игри што беа организирани во училишниот двор.



