Денешната вежба има за цел да ја провери подготвеноста на училиштето за навремено и безбедно постапување во случај на елементарна непогода, како што се земјотрес, пожар или поплава. Преку оваа показна вежба, учениците и вработените ќе ги применат претходно утврдените процедури за заштита и спасување.
Со слушањето на звучниот сигнал се означува почетокот на вежбата. Сите ученици и вработени постапуваат смирено и организирано, согласно Планот за евакуација на училиштето. Наставниците ги предводат учениците по означените евакуациски патеки, без трчање и без паника, до безбедното собирно место во училишниот двор.
За време на вежбата се применуваат правилата за лична заштита, меѓусебна помош и дисциплина. Посебно внимание се посветува на учениците кои имаат потреба од дополнителна поддршка.
По пристигнувањето на собирното место, се врши проверка на присутноста и се известува надлежното лице за состојбата. Вежбата завршува со сигнал за крај, по што следи кратка анализа и разговор за значењето на навремената реакција при елементарни непогоди.
Со редовно одржување вакви вежби, училиштето ја зголемува безбедноста и подготвеноста на сите учесници, со цел заштита на животот и здравјето.