Научно-наставна екскурзија со учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци
Учениците од нашето училиште, заедно со подрачните училишта од с. Дреново и с. Возарци, реализираа незаборавна научно-наставна екскурзија.
Во текот на денот беа посетени:
Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, каде учениците имаа можност да се запознаат со животот и културата на неолитскиот човек,
Зоолошката градина во Скопје, каде што учениците уживаа во набљудување и учење за различни животински видови,
Саемот на книга, каде што беа инспирирани да го негуваат читачкиот дух и љубовта кон книгата.
Оваа екскурзија беше исполнета со учење, дружење и нови искуства кои ќе се паметат долго!