На ден 4.5.2026 година во ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци беше реализиран наставно-научен ден под наслов „Пролетен ден“, на кој учество зедоа учениците од I до IX одделение.
Овој ден беше исполнет со разновидни образовни, креативни и воспитни активности, насочени кон развивање на љубовта кон природата, тимската работа и истражувачкиот дух кај учениците. Во текот на денот беа реализирани презентации, работилници, ликовни и литературни активности инспирирани од пролетта, како и спортско-рекреативни игри на училишниот двор.
Посебен дел од програмата беше посветен на одбележување и негување на историската меморија, при што беше нагласено значењето на 12-те Ваташки младинци, како симбол на храброст и жртва. Со кратка пригодна содржина и разговор со учениците, беше поттикната свеста за историските настани и вредностите на слободата и човечкото достоинство.
Наставниот ден се одвиваше во пријатна и работна атмосфера, со активно учество на учениците и наставниците, при што беше постигната целта за поврзување на знаењето со практични и воспитни содржини.
Со вакви наставно-научни денови ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци продолжува да го збогатува образовниот процес и да поттикнува сеопфатен развој на учениците