На самиот почеток од учебната година да се потсетиме.
1.Негацијата не се пишува одвоено од глаголот, на пример: не сакам, не може, не знаат, не треба (погрешно е несакам, неможе, незнаат, нетреба).
2.Кратката заменска форма се пишува одвоено од именката, показното зборче или заповедниот начин, на пример: за именки татко ми, брат ти, дедо му (погрешно е таткоми, братти, дедому); за показни зборови еве го, ене ја, ете ти ги (погрешно е евего, енеја, ететиги); и за заповеден начин кажи ми, донеси ѝ, одете си (погрешно е кажими, донесии, донеси и, одетеси, оде те си).
3.Грешки при едначењето по звучност, на пример: детство, детски (не децво, десво, децки); претседател (не прецедател); леб, лепче (не лебче), врапче (не врабче). Други грешки: наставничка (не настамничка); сфаќа, разбира (погрешно е сваќа); вчера, вторник (не фчера, фторник).
4.Кратката заменска форма за женски род се пишува со надреден знак и одвоено од именката, на пр: сестра ѝ, баба ѝ (погрешно е сестраи, бабаи).
5.Кратката заменска форма за прво лице множина се пишува со надреден знак: нас нè. На пример: Нас не нè плаши староста; Утре ќе нè носат на Водно; Видете нè колку сме убави, (погрешно е: Нас не не плаши староста, Утре ќе не носат на Водно, Видете не колку сме убави).
6.Зад интерпункциските знаци се остава празно место.
7.При степенувањето на придавките, претставките по- и нај- се пишуваат слеано со придавката, на пр: подобар, најдобар, поубаво, најубаво, весела, највесела (погрешно е по добар, нај добар, по убаво, нај убаво, по весела, нај весела).
8.Изразот сè уште се пишува одвоено и со надреден знак, погрешно е сеуште, се уште, сèуште.
9.Глаголот дава во заповеден начин правилно се пишува: дај ми вода; дајте им сок на гостите, (погрешно е дади ми вода, дадете им сок на гостите).
10.Идно време се формира со додавање на честичката ќе (со ќ, не со к) пред глаголот, на пр: ќе одиме, ќе пееш, ќе пливам, (погрешно е ке одиме, ке пееш, ке пливам).