НА ДЕНЕШЕН Ден, 1943 г. во скопскиот затвор убиен е Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија.
Во негова чест, горди што нашето училиште го носи неговото име, денес пред спомен куќата на Страшо во с. Вашата се положи букет цвеќе. Роден е на 5 март 1915 г. во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Г. Милановац, Н. Краина, Крагуевац и Белград. Во Крагуевац започнува неговата револуционерна дејност.Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 г. ја обновува работата на КП во Кавадарци. Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година.Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред “Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти. Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб. За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.