По повод одбележувањето на „Месецот на книгата“ во нашето подрачно училиште „Страшо Пинџур“ с.Возарци, по иницијатива на наставничката Софија Митрева, а во соработка со останатите наставници, од издавачката куќа ТРИМАКС ни пристигна донација од лектири и едукативни постери.
Од името на учениците и наставниот кадар, упатуваме искрена благодарност и поддршка за вложувањето во образованието, знаењето и љубовта кон читањето.











