Месецот на книгата, секоја година се одбележува во периодот од 15 октомври до 15 ноември. Оваа година, одбележувањето на Месецот на книгата беше збогатено со донација на пакет книги со активности од “Светот на Биби”. Учениците од прво до петто одделение од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с.Возарци, изразуваат огромна благодарност за донацијата и за нивниот придонес во поттикнување на љубовта кон книгата и читањето.