Учениците од I до III одделение од ПОУ ,,Страшо Пинџур” с. Возарци во соработка со одделенските наставници и наставничката од продолжен престој преку креативна работилница одбележаа ,,Месец на книгата”.
Преку боење илустрации и запишување на своите чувства, учениците размислуваа како се чувствуваат во различни животни ситуации.
Секој ученик на свој начин ги изрази своите доживувања, мисли и емоции. Обоените илустрации ги обединивме во заедничка книга под наслов „Моите чувства“, која претставува мал, но значаен приказ на детскиот свет исполнет со радост, љубов, пријателство, но и предизвици.
Преку оваа активност учениците учеа дека сите чувства се важни, дека е во ред да чувствуваме различни емоции и дека треба да научиме да ги препознаваме и изразуваме на соодветен начин.