Денес учениците од ПОУ ,,Страшо Пинџур” с.Возарци од прво, второ и трето одделение имаа можност да присуствуваат на едукативна презентација по повод ,,Меѓународниот ден на пчелите”.
Голема благодарност до родителот Ванѓелчо Конев кој се занимава со пчеларство и несебично го сподели своето знаење со учениците.
Преку оваа интересна и поучна активност, децата научија колку се важни пчелите за природата и човекот а исто така имаа можност одблизу да видат дел од опремата на пчеларите. 🌼🐝