Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Сакаме да им укажеме на најмладите колку е значаен мајчиниот јазик за идентитетот на еден човек.„Јазикот е показател на идентитетот, на припадноста кон одредена нација. Во оваа смисла, не е доволно само да го поседуваш богаството, уште поважно е да се негува и зачува за наредните генерации. Секое богатство ако не се негува и надополнува понатаму – кога и да е, ќе се истроши или ја изгуби својата моќ. Па така и јазикот. Без натамошно континуирано вложување во тоа богато наследство, настанува ситуација на губење на јазичната вредност. И како што вели Крсте П. Мисирков: „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто е наш, исто како што е наша татковината.“ Оној што се грижи за татковината, се грижи и за мајчиниот јазик.