На 04.12.2024 година, во просториите ОУРЦ “Маца Ѓ. Овчарова” – Велес, се одржа меѓународна ликовна работилница од инклузивен карактер, на тема Есенски пејсаж, на која учество зеде и нашето училиште. Ученичките Николиа Ризов и Евгенија Чејкова, под менторство на одделенските наставнички, Стефка Саздовска и Елена Соколова успешно го претставија нашето училиште со своите ликовни творби, а преку тоа ја проширија дружбата и соработка со останатите училишта од државата, како и со овој ресурсен центар кој што е наш долгогодишен соработник.