Акцијата „Македонија без отпад 2015“ беше одбележана со еколошки активности од страна на Директорката на училиштето,учениците и вработените во Централото и Подрачните училишта во с. Марена, с.Возарци и с.Дреново. Она што беше реализирано е следново:
-Предавања за собирање и селекција на отпад, совети и превземање мерки за намалување на отпадот;
-Креативни работилници (ликовно изразување во училишните дворови (еко-пораки и цртеж), изработка на корпи за отпад и еко кодекс);
-Собирање и селектирање на отпад од училиштето, училишниот двор, како и кејот на реката Луда Мара.
Со оваа денешна активност навистина се вклучивме во есенското чистење на илузиите дека отпадот ќе исчезне сам од себе! Така и ќе продолжиме!