ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци

Литературно катче
Литературно катече

     Зборот е најсилното оружје на светот. Оружје и орудие за градење на свеста за своето постоење. Зборот е клуч од челик кој лесно ги отвора срцата на луѓето, на човекот и оној кој сака да биде човек. Љубовта спрема убавата книга, желбата да се нурне во тајните на непознатото, да протече нешто од своето перо во реката од зборови, да бидеш мал поет, писател е основното мото да се членува во литературната секција. Целта на литературната секција е учениците кај кои постои интерес за македонскиот јазик и литературата како уметност да ги продлабочат и прошират своите знаења за литературните родови и видови;

Преку создавање индивидуални, креативни, творечки состави , песни и творби од друг тип да ги развиваат своите креативни и творечки способности , да го развиваат талентот за пишување сопствени творби на литературен јазик;

Да развиваат способност за работа со стручна литература и моќта за селекција на податоци;

Да се издвојат учениците кај кои постои најголема дарба, талент и љубов кон литературата, изразувањето и способноста своите размислувања и ставови за одредена тема творечки да ги изразат и да оформат во уметничка творба; Во рамките на слободните ученички активности успешно работи литературната секција под раководство на наставничката по македонски јазик Павлинка Костадинова,Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева, Ана Јосифова Спировска и Весна Крстева. Во неа учениците пројавуваат интерес и афинитет кон создавањето прозни и поетски литературни творби и ги прават своите први обиди на полето на литературата. Активноста на учениците се проширува и преку организирани литературни средби на кои се поканети членови од други литературни секции од соседните училишта, а средбите се збогатени со присуство на афирмирани поети и писатели, кои се претставуваат со своите дела. Членовите на секцијата редовно учествуваат на распишаните литературни конкурси и често ги освојуваат првите награди, што е уште еден доказ дека секцијата успешно работи. Посебно место во слободните ученички активности во нашето училиште зазема и драмско-рецитаторската секција. На овие часови учениците се збогатуваат со нови знаења и вештини од областа на драматургијата. Се оспособуваат за талентирано интерпретирање на уметничкиот збор. Посебно им се открива талентот за сценската уметност, движењата, говорот, импровизацијата. Ова кај учениците ја потикнува нивната инвентивност и креативност. Како и секоја друга уметност и овде учениците се збогатуваат со критички дух. Целта на овие членови е јасна да го развиваат и јакнат својот квалитет и се разбира да чуствуваат љубов кон пишаниот збор. По повод патрониот празник на училиштето драмската секција ја изведе на сцена драматизацијата,,За Страшо Пинџур “. Иако сме аматери-велат учениците, “Ние докажуваме дека можеме и сакаме да бидеме професионални артисти и да газиме по штиците што живот значат” Со оваа секција раководат наставничките по македонски јазик Павлинка Костадинова,Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева, Ана Јосифова Спировска и Весна Крстева

Изработки

Македонските народни песни се дел од македонската книжевност, македонскиот романтизам (преродбата ) и фолклорната литература, претставувајќи дел од богатото фолклорно наследство на македонскиот народ.  Се зачувувале со усно пренесување од колено на колено, а авторот е непознат. Народните песни потекнуваат од најдалечното минато и се делат на: лирски, епски и лирско- епски. Разновидноста на темите ги карактеризираат лирските песни. Во нив се величат човечките доблести, а се осудува човековото зло. Постојат повеќе видови лирски песни меѓу кои се: обредните (коледарски, лазарски и додолки), религиски, трудови песни, љубовни, песни за деца, хумористични… Сите ние се сеќаваме на некоја коледарска песна, жетварска, печалбарска љубовна или песна за деца, а испеана и пренесена од вашите/нашите дедовци и баби?Потсетете се на некоја од нив. Ќе не радува сите нас.

Павлинка Костадинова предметен наставник

Драматизацијата во чест на патрониот празник на училиштето,, За Страшо Пинџур,,

Наградени литературни творби

Ден на македонската азбука

ученици

број на паралелки

наставници

година на основање

Информации за контакт

Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3  Кавадарци

Телефон: 043 / 410 –958

Email:  ou-strashopindzhur-kavadarci@schools.mk