По повод денот на училиштето, активот по англиски јазик при ССОУ “Димитрија Чуповски” – Велес, распиша литературен конкурс за проза и поезија на тема “My homeland – my root, my soul and myself” за основно и средно образование. Ученичката Сања Стојанова учествуваше со своја проза под менторство на наставничката по англиски јазик Илинка Поп-Ицова и освои II награда во категоријата основно образование-проза. Честитки за ученичката и освоената награда.