Нашето училиште учествуваше на 25-та по ред ликовна работилница во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ . Годинава, од републичка, работилницата прерасна во меѓународна со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија. Ученици со попреченост и лица со aтипичен развој како и ученици со надареност во ликовното изразување, од 31 училиште од овој регион и гостите од другите земји цртаа на керамика и заедно создаваа вредни уметнички дела со мотиви од нашето културно творештво.
Целта на ликовната работилница е инклузија на лицата со попреченост.
Уметничките дела создадени на ликовната работилница, која се одржува со поддршка на Општина Велес, ќе бидат изложени во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од 03 до 06 декември.
Особено сме горди на нашите претставници кои изработија прекрасни уметнички дела со кои достојно го претставија нашето училиште