По повод 15 март, Светскиот ден на правата на потрошувачите, се одржа ликовен конкурс на тема „Нула отпад од храна – подобар и поздрав живот“ организиран од Бирото за развој на образованието. На овој конкурс, нашата ученичка Ева Николова, под менторство на наставничката Дијана Бојкова, ја освои втората награда. Како што вели наставничката Дијана, секое дете е уникатно и талентирано на свој начин, а нашата задача е да ги препознаеме тие таленти и да ги насочуваме во вистинската насока. Честитки за Ева и наставничката Бојкова за постигнатиот успех!