Во рамките на проектот Развивање вештини за критичко размислување и решавање проблеми и употреба на микробит, учениците од клубот за кодирање, Микрокодери од ООУ „Страшо Пинџур “Кавадарци, ПОУс. Дреново и ПОУс. Возарци успешно работеа на програмирање на микробитовите. Учениците заедно со своите наставници ги ставија микробитовите во функција на Едукативна содржина за препознавање и конзумирање на здрава храна.