ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ НА ИДНИ ПРВАЧИЊА
Почитувани,
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци ги известува родителите на идните првачиња на територија на Општина Кавадарци дека при уписот за прво одделение покрај регуларните документи потребно е да се добие и документ за офталмолошки преглед.
Во интерес на навремени прегледи офталмолошката амбуланта има објавено термини само за првачиња и тоа, почнувајќи од 02.04.2025 година, секоја среда попладне.
Со почит,
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.