Почитувани ученици,
По повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, во петок нема да се одржи настава во училиштето, како за оние ученици кои посетуваат настава со физичко присуство, така и за оние ученици кои следат настава on-line.
Директорката на училиштето на сите ученици и вработени им го честита празникот !