Согласно Правилникот за избор на ученик на генерацијата, како и избор тројца највисоко рангирани пофалени ученици, и оваа учебна година учениците од деветтите одделенија имаа можност да конкурираат, а Комисијата по разгледаните документи го утврди следното:
Ученичката Јована Гркова од IX а одделение е избрана за ученик на генерацијата во учебната 2024/2025 година.
Додека пак, пофалени ученици со континуиран одличен успех и високи постигнувања на натпревари се: Раде Василевски од IX а одделение, Димитар Мицев од IX б одделение и Кристина Блажевска од IX а одделение.
Им честитаме на сите ученици за нивните постигнувања и успеси и им посакуваме уште многу успеси и во иднина!