Денес се навршуваат 117 години од загинувањето на еден од најпознатите македонски револуционери, идеолог и бастион на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев. Неговите идеи и дела се силно втемелени во македонската држава, во секој од нас и со ништо не можат да се избришат. Тие остануваат длабоко врежани во срцето и духот на македонскиот народ.
Следејќи ја неговата идеја, се наоѓаме на полето на културен натпревар меѓу народите.Вечна му слава!