ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО КАВАДАРЦИ!
Во соработка со Локалната самоуправа – Кавадарци, денес успешно се реализираше акцијата „Генералка викенд“, каде активно учество зедоа Ученичкиот парламент и учениците од VIIIа одделение при ООУ „Страшо Пинџур“, заедно со својот одделенски раководител, наставничката Павлинка Костадинова.
Со посветеност, енергија и одговорност, нашите ученици дадоа свој придонес за почиста и поубава околина.
Малите чекори носат големи промени – горди сме на нивната еколошка свест и општествена одговорност!