Денес во просториите на нашето училиште се изврши еколошка едукација за селекција на опасниот отпад од страна на Друштвото “Нула Отпад”. Со истата беа опфатени учениците од трето одделение кои покажаа солидни предзнаења и дадоа ветување дека ќе бидат супер еко херои.