На 09.05.2025г. Со цел да ја промовираме важноста на практичното образование за животната средина во нашето училиште се одржа еко работилница со содржина Атмосферско загадување: Сино небо- црвено небо како дел од акцијата Генералка викенд во организација на „Мен енд маунтен“, а Еко час е активност поддржана од УНИЦЕФ и Шведска. Учениците учеа да ги објаснуваат физичките појави во природата преку научни концепти и го поврзуваа наученото со пракса при што сега знаеме зошто небото е сино, а што значи убавата црвена боја на небото и како да ја заштитиме природата од загадување.