Во рамките на Еко-активностите во ООУ,,Страшо Пинџур” Кавадарци денес беше успешно реализирана акција за собирање на отпадна хартија од училишните простории.
Беше формиран тим од вредни и
одговорни ученици кои активно
учествуваа во расчистување и
селектирање на стара хартија низ цело училиште .
Упатуваме искрена благодарност до
учениците за нивата ангажираност , како и до ЈП Комуналец Кавадарци , кои обезбедија контејнер за хартиен отпад поставен во дворот на училиштето и дадоа поддршка
во релизација на оваа акција.










