Со големо задоволство ја реализиравме дводневната екскурзија со учениците од 6 одделение во Берово и Струмица, согласно програмата за ученички екскурзии на Министерство за образование и наука.
Преку дружење, учење и истражување, учениците имаа можност да се запознаат со природните убавини, културно-историските знаменитости и духовните вредности на овој прекрасен дел од Македонија. Ги посетивме манастирите, спомениците и значајните локалитети, а низ заедничките моменти создадовме нови пријателства, спомени и убави искуства.
Екскурзијата беше исполнета со позитивна енергија, смеа, љубопитност и многу убави мигови кои долго ќе ги паметиме. Благодарност до учениците за прекрасното однесување, до родителите за довербата и до сите кои придонесоа за успешната реализација на ова незаборавно патување. 🌿🚌📚Заедно создадовме спомени, насмевки и моменти што долго ќе се паметат.
Нека ни има уште многу успешни патувања, дружби и убави приказни