Како резултат на активното вклучување на нашето училиште во проектот „Македонија без отпад 2015“ а со тоа и придонесување за подигање на свеста за отпадот и одржување на почиста средина, вчера на 15.10.2015 година во Скопје, беа свечено врачени благодарници за нашиот придонес.
Благодарниците беа доделени од страна на британскиот амбасадор во Р. Македонија – г-дин Чарлс Гарет, Претседателот на Ајде Македонија – г-дин Блаже Јосифовски и претставник од Медиа Принт Македонија.