Денот на пролетта и Денот на екологијата го одбележаа и учениците од I до IX одд. при ПОУ „Страшо Пинџур“ с. Возарци кои заедно со своите наставници, изведоа низа воннаставни активности и тоа: творење на ликовни творби, чистење на училниците, отстранување на отпад од училишниот двор, садење украсно цвеќе и зимзелени садници. Среќни што дале свој придонес, учениците упатуваат голема благодарност до ЕД Тисовец – с. Возарци за донираните садници.
Исто така, од страна на наставничката по македонски јазик, Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева, беше спроведена и дебата на тема „Да се преиспитаме: Колку и како влијаеме врз животот на планетата Земја, како и дали може нешто да промениме?“ (Rethinking process), при што учениците имаа можност да ги пренесат стекнатите знаења од сите предмети, но и преку конкретни примери да научат и да согледаат колку всушност нештата зависат од нас, луѓето.