🌹Денеска нашите ученици од подрачното училиште во с.Возарци го одбележаа доаѓањето на пролетта со многу насмевки и креативност! Во рамките на денот се организираа:
🌺 Креативни работилници во кои децата изработуваа пролетни украси (цветови) и картички со еко-пораки.
🌼 Еколошки акции: чистење на училишниот двор и садење нови зеленила поради кои нашата околина ќе биде поубава и поздравa.
🌸 Посета на расадникот „Три Цвета“, каде учениците научија за негување на растенијата, помогнаa во садење цветови и добија корисни совети за грижа на цвеќињата. Горди сме на нашите мали еколози и креативци!
Благодариме до расадникот „Три Цвета“ за поддршката и инспирацијата.