„Биди храбар, кажи НЕ на насилството!“
Водени од мислата дека насилството може да остави големи траги врз човекот и дека секој има право да се чувствува безбедно, почитувано и прифатено, ученичките од ПОУ „Страшо Пинџур“ – с. Возарци реализираа работилници во централното училиште и преку своја презентација и изработени летоци зборуваа на тема насилството, видови на насилство и последиците што произлегуваат од него. Преку овие работилници тие работеа на подигање на свеста кај учениците на оваа тема со цел да се препознае и да се намали секаков вид на насилство во иднина.
Овие работилници беа организирани во рамки на општествено-хуманитарна работа под менторство на наставничката Бојана Костова.















