Почитувани родители и ученици,
Интернетот ни дава многу можности да заштедиме време и ресурси, да научиме нови вештини и повторно да дадеме приоритет на вредностите. Сепак, со зголемената употреба на Интернет, сведоци сме на зголемениот број на ризици кои доаѓаат со неа.
Да се биде присутен на социјалните мрежи и да се има какво било онлајн присуство стана нешто вообичаено, особено кај младите.
Наша задача е да ја подигнеме свеста за безбедно и одговорно користење на интернетот, особено користењето и објавувањето на социјалните медиуми и канали, па согласно тоа, училиштето Ви дава препораки за безбедно користење. Нашата безбедност на Интернет зависи и од нас!