Реализирано едукативно предавање во нашето училиштена тема
🛑 „Алкохол и цигари. Твојот живот, твој избор“
На 16.02 во нашето училиште успешно се реализираше едукативно предавање,
на кое присуствуваа ученици од осмо и деветто одделение, согласно Програмите за превенција од злоупоттеба на алкохол и тутун.
Предавањето беше одржано од доктор Савка Велкова, специјалист по семејна медицина, која на разбирлив и интерактивен начин ги запозна учениците со штетните последици од употребата на алкохол и цигари, како и со значењето на здравите животни навики и носењето на одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на животот во иднина, а со тоа и целокупната благосостојба на поединецот.
Со оваа активност се придонесе кон подигнување на свесноста кај учениците за важноста на грижата за сопственото здравје.