Денес, 26.05.2022 година, првачињата од централното училиште при ООУ “Страшо Пинџур” Кавадарци, реализираа посета на ОМБУ “Лазо Мицев Рале”. Во корелација со предметот природни науки во кој се изучува темата “Звук” учениците имаа можност да ги слушнат звуците на музичките инструменти кои им беа презентирани на професионален начин. Упатуваме голема благодарност до сите реализатори на прекрасните изведби, професионалните објаснувања и исцрпните одговори на сите прашања.