Училница е секое место каде што учениците учат и го доживуваат како корисно, тоа што го учат го поврзуваат со реалниот живот. Тоа се техниките/методите кои никогаш нема да застарат.Важноста да се помага се учи уште од мали нозе, да се биде солидарен е голема човечка особина.Ние како училиште вклучувајќи ги сите наставници и ученици како од централното така и од подрачните училишта во с. Возарци, с. Дреново и с. Марена,педагогот, психологот, родителите и секако безрезервната поддршка од страна на директорката на училиштето Илинка Бакева многу пати сме покажале и докажале што значи да се помага меѓусебно, што значи да си солидарен. Токму тоа е и темата на која нашите ученици твореа, во соработка со ученичкиот Парламент.Насмевката на лицата е непроценливото богатство, само така ќе станеме подобри.